петок, 14. мај 2021. Вести денес: 23
home Вести

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Во шахта пронајдено безживотно тело на работник – позната причината за неговата смрт

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Во шахта пронајдено безживотно тело на работник – позната причината за неговата смрт

Во полициска станица Радовиш вчера во 17:50 часот било пријавено дека во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш, во близина на крстосница за селото Бучим, било пронајдено починато лице, соопштија од СВР Струмица.

Увидна екипа од ОВР Радовиш, трудов инспектор и лекар извршиле увид на местото на несреќата, при што било утврдено дека станува збор за Б.Б.(49) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи за една компанија, паднал во шахтата со вода и се удавил.

Од обдукцијата, извршена по наредба на Јавен обвинител, е потврдено дека причина за смртта е давење.(МИА)

Коронавирус