петок, 10. април 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Трагедија во кавадаречко: Гнездо на штркови со пет мали штркчиња изгоре во пожар (ФОТО)

Трагедија во кавадаречко: Гнездо на штркови со пет мали штркчиња изгоре во пожар (ФОТО)

Гнездо на штркови во кое имаше пет мали штркчиња изгоре денеска во кавадаречкото село Сопот. Интервенирала и Територијалната противпожарна единица од Кавадарци. Командирот Илчо Богевски рече за МИА дека според првичните информации, можно е поради змија или меѓусебно туркање, штрковите да предизвикале допирање на две жици и спој, по што настанал пожарот.

Изгорел и дел од бандерата, но спречено е огнот да се прошири на блискиот објект. Очевидците изразија жалење што не се успеало да се спасат младите штркчиња.

-Видно вознемирени, возрасните единки седеа до последен момент во гнездото, како да бараа начин да ја спасат својата рожба. За жал, не можевме да им помогнеме на време, иако се јавивме во противпожарната служба и ЕВН, рекоа очевидци.

Коронавирус