вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Трагедија на Гинекологија: Почина 33-годишна пациентка

Трагедија на Гинекологија: Почина 33-годишна пациентка

На Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, вчера починала 33-годишна пациентка.

На социјалните мрежи се споделуваа информации дека на пациентката и биле пресечени цревата, наместо папочната врвка.

Во изјава за „Слободен печат“, директорката на ГАК Виктроија Јовановска која ја извршила операцијата, вели дека информацијата што се појави на социјалните мрежи е невистинита и оти се работи за родилка која на операција дошла поради огромен миом во мала карлица со рапиден раст во последните месеци.

-Воопшто не беше лесен случај, пациентата претходно била операрирана од пленоктомиа, односно и била извадена слезинката. Јас од човечки побуди, токму поради брзиот раст на туморот ја внесов пациентката на операција во време кога имавме редуциран програм на Клиниката, изјави Јовановска. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија