понеделник, 19. август 2019. Вести денес: 29
home Вести

ТРАГЕДИЈА: Млад брачен пар од Скопје загина во Италија, нивното бебе преживеа (ФОТО+ВИДЕО)

ТРАГЕДИЈА: Млад брачен пар од Скопје загина во Италија, нивното бебе преживеа (ФОТО+ВИДЕО)

Ебубекир Сулејмани и неговата сопруга Егзона Максути, кои имале 24 години, го загубија животот во стравична сообраќајка на автопат во Италија, додека нивното шестмесечно бебе кое било на задното седиште, останало живо.

Страшната собраќајна несреќа се случила околу три часот по полноќ, во Италија на автопатот Пјаченца-Торино, во провинцијата Павија, јавува Журнал.

Според медиумот возилото со кое патувал парот од скопската населба Методија Андонов- Ченто, а заедно со нив и шестмесечно бебенце, удриле во камион паркиран на обележано место за паркинг на автопатот.

Инаку, парот живеел во Лион, Франција, а во Италија биле на одмор. Несреќата се случила кога се враќале кон Франција.

Според италијанската полиција, причина за несреќата била премореноста на возачот.