понеделник, 19. октомври 2020. Вести денес: 107
home Вести

Трагедија: 35-годишен скопјанец и 51-годишен пациент од Тетово починаа од коронавирус

Трагедија: 35-годишен скопјанец и 51-годишен пациент од Тетово починаа од коронавирус

Од коронавирус изминативе 24 часа починати се 5 лица.

Тројца пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Ресен. Во ГОБ „8 септември“ починаа двајца пациенти на возраст од 35 и 65 години.

Во ОБ Битола почина пациент од Ресен на возраст од 70 години.

Во КБ Тетово е починат пациент на 51 година. Вон болнички услови е починат пациент на 77 години.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8786, бројката на оздравени пациенти е 4676, на починати е 406, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3704.

Коронавирус