петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Траекторија“ одложена за 11 март

„Траекторија“ одложена за 11 март

Во Кривичниот суд во Скопје денеска, поради отсуство на обвинителката Лиле Стефановска која е на боледување, судењето за постапката за избор на компанија за изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид – „Траекторија“, беше одложено.

Стефановска не сакала да испрати замена бидејќи сакала таа лично да ја води доказната постапка, во која обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски на кого му се суди во отсуство, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски.

Коронавирус