вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 162
home Вести

Традиционален божиќен концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“

Традиционален божиќен концерт на хорот „Св. Злата Мегленска“

Женскиот хор „Св. Злата Мегленска“ вечер ќе го одржи традиционалниот концерт „Божиќ – Слава“ по повод празникот Христово раѓање – Божиќ.

На концертот на хорот „Св. Злата Мегленска“, кој го води диригентката Летка Димовска-Полизова, ќе гостуваат мешаниот хор „Rozafaexpression“ од Скадар, Албанија, и мешаниот хор „Про арс“ од Скопје.

Солисти ќе бидат Билјана Стафансон од Шведска и Лилјана Јовановиќ од Србија.

Концертот ќе се одржи во црквата „Пресвета Богородица“ од 19.30 часот. 

Коронавирус