сабота, 16. октомври 2021. Вести денес: 0
home Вести

Тотален хаос на рочиштето за предметот „Космос“

Тотален хаос на рочиштето за предметот „Космос“

Тотален хаос во водењето на рочиштето за предметот „Космос“, каде обвинети се Никола Груевски, Миле Јанакиески, Тони Трајковски и 4 други лица.

Судијата Огнен Ставрев го менува ставот од рочиште во рочиште, а вториот судија Осман Шабани со нескриена видлива наклоност и пристрасност кон СЈО и недозволиво и нескриено нетрпение кон обвинетите, континуитано нервозно влегува во кавга со адвокатите.

На одбраната не и се дозволуваат ниту основните права. На адвокатите не им се дава можност да го прочитаат записникот, да го прегледаат ЦД-то од снимката од претходната расправа, која траеше 4-5 часа.

Иако обврската на судот е да го достави записникот за 24 часа, тој го доставува две недели подоцна и тоа на самиот почеток на рочиштето кога одбраната нема физички можност и време да ги прегледа.

Уште поголем проблем е што судијата Ставрев минатото рочиште го одложи со цел пред да се даде воведен збор обвинетите да ги добијат доказите, дури неколку пати јавно кажа дека ако не ги даде СЈО, тогаш судот ќе му наложи. Денеска судијата се однесува така како да ништо од ова не го кажал и направил пред 2 недели, на 24 ти јануари.

На обвинетите, нарушени им се основните права, а тоа е да ги имаат добиено доказите на време пред да започне расправата и да се даде воведен збор, а прекршен е и законот со кој не им се дозволува да добијат навремено записник со цел да можат да го споредат со снимката од рочиштето.

Невидена конфузија и незаконско постапување на судот, кој очигледно се чувствува прилично комотен да прави што сака и да постапува како сака, а не согласно закон. Без никакви аргументи за одбивањето на предлозите, судијата ги одби барањата на одбраната за добивање на доказите, и закажа ново рочиште за 15 ти февруари.

Никола Груевски следната недела во три различни предмети е секој ден во судот на рочиште. Истовремно тој треба да ги слуша и снимките и судијата нема идеја како да го направи тоа истовремено. За разлика од Груевски, рочиштата на Заев постојано се одложуваат.

Одбраната жестоко реагираше на хаосот и одлуките на судот.

Груевски лично побара објаснување од судијата зошто на претходното рочиште го задолжи СЈО да ги врачи доказите на обвинетите, а сега постапува обратно. Судиите без аргументи ја напуштија салата, без одговор на многу прашања.

Коронавирус