недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 75
home Вести

„Тотал“ одложен за 14 мај

„Тотал“ одложен за 14 мај

Главната расправа за предметот „Тотал“, во кој е осомничен новинарот Драган Павловиќ-Латас за затајување данок, е одложена за 14 мај.

Денешното рочиште во Кривичниот суд не се одржа бидејќи не присуствуваше Павловиќ-Латас поради здравствени и семејни причини.

И претходните две рочишта не се одржаа од истите причини.

Според обвинението на СЈО, осомничениот давал лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави при што преку правните лица затаил данок во износ од 7.466.981 денар или 121.414 евра, а лично физичкото лице затаило 3.876.471 денар или 63.032 евра.

Коронавирус