петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 117
home Вести

Тошковски: Во Македонија нема никаква правна сигурност, мораме да го смениме ваквото практикување на правото

Тошковски: Во Македонија нема никаква правна сигурност, мораме да го смениме ваквото практикување на правото

Панче Тошковски, адвокат, во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа потенцираше дека во Република Македонија нема правна сигурност, укажувајќи дека не смееме како држава да дозволиме вакво практикување на правото.

-Нема правна сигурност во оваа држава, никаква правна сигурност. На секој може да му се случи ова и ако вака продолжиме општеството ќе девастира само по себе. Не смееме да дозволиме на ваков начин да дозволиме да се практикува правото. Ова е недзоволиво, вели Тошковски.

Тој го искоментира и Законот за амнестија донесен од страна на собранието каде што се амнестираа дел од учесниците во крвавиот четврток, меѓу кои и тројца пратеници кои гласаа за промена на уставното име на Република Македонија.

Таков закон за амнестија во Уганда ако има донесено јас ќе си ја скинам дипломата која што ја имам од Правен факултет Јустинијан Први. Па на што личеше тој закон? Срамота. Каква правна неписменост? Кава селективност? Тоа е срамота, изјави Тошковски.