среда, 2. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Тошковски: СДСМ треба да сфати, неправото никогаш нема да стане правда

Тошковски: СДСМ треба да сфати, неправото никогаш нема да стане правда

Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ на емисијата „И што сега“ на МРТ посочи дека СДСМ се обидува на шверцерски начин да протурка еден штетен закон за јавно обвинителство, но граѓаните се свесни за тоа и нема да дозволат. Неправото никогаш нема да стане правда тоа треба еднаш за секогаш да го разбере СДСМ.

На колешката и е тешко бидејќи брани став, што не се брани. Јас ја разбирам, јас ја почитувам колешката но таа моментално брани став кој што не се брани, истакна Тошковски за Калеска Ванчева.

Тошковски додаде неправото никогаш не може да не доведе до правда. Македонската јавност многу добро го разбира сето ова.

Неправото никогаш не може да не доведе до правда. Процедурата е гаранција за демократијата, нагласи Тошковски.

Коронавирус