среда, 26. февруари 2020. Вести денес: 158
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Тошковски: СДСМ и Десковска имаа една година за да го достават законот за ЈО во работна верзија до Венецијанската комисија, тоа не го сторија

Тошковски: СДСМ и Десковска имаа една година за да го достават законот за ЈО во работна верзија до Венецијанската комисија, тоа не го сторија

Панче Тошковски од ВМРО-ДПМНЕ на 24 Телевизија во емисијата „Отворено“ вечерва истакна дека власта пробува со некакви аргументи да убедува, но факт е дека имаа време цела година по барањето на ВМРО-ДПМНЕ да го достават во работна верзија до Венецијанската комисија, но тоа не го сторија.

Тој вели дека станува збор за системски закон и доста значаен за Република Македонија, СДСМ пред една година требаше да постапи по барањето на ВМРО-ДПМНЕ како и ставот на најголем дел на експертите требаше во работна верзија да го достават до Венецијаска комисија којашто ќе дадеше можеби позитивно мислење за законот и денеска немаше да бидеме на ова дереџе каде што сме.

-Нашиот став е јасен. ВМРО-ДПМНЕ е за донесување на ваков закон кој ќе овозможи независно Јавно обвинителство коешто ќе се бори со организираниот криминалот и корупцијата, баравме да се одржи јавна дебата, но повеќе од година дена на крај министерката дозволи да се одржи таа дебата, на којашто најголем дел од експертите се согласија со забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, вели Тошковски.

Тошковски истакна дека на неколку наврати ВМРО-ДПМНЕ има поднесено амандмани кои се истоветни во најголем дел од забелешките на експертите, како во делот на транспарентноста на ЈО, како и во делот на неуставните и недопуштените преодни и завршни одредби, каде се врши преседан единствено во Република Македонија во конкретното наведување со име и презиме на обвинители коишто треба да постапуваат по конретни предмети.