понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Тошковски: Како Димитар Димовски може да влијае врз сведоците, кога во предлогот нема наведено сведоци?

Тошковски: Како Димитар Димовски може да влијае врз сведоците, кога во предлогот нема наведено сведоци?

Адвокат Панче Тошковски во вечерашното гостување во емисијата „Отворено“ на ТВ Алфа посочи дека мерката притвор е најстрога мерка која што судот ја изрече за осомничените кои се теретат за продажба на државно земјиште, меѓу кои е и членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски.

-Во однос на тројцата мои штитеници кои што во моментот се наоѓаат во затворот во Скопје не постои ниту една основана причина согласно законот за кривична постапка зошто за нив да се изречена најстрога мерка која што ја утврдува законот. Недозволиво е судот паушално, на даден предлог паушален од страна на обвинителството да изрекува и притоа утврдува вакви строги мерки согласно кривичниот законик. Притворот се користи исклучиво како најстрога мерка согласно законот доколку претходно не може со некоја друга поблага мерка да овозможи присуство во рамки на постапката, вели Тошковски.

Тошковски нагласи дека членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Димовски кој што е осомничен и во случајот Топлик и на кој што му е одземен пасошот од страна на судот, до сега ги почитувал сите мерки на претпазливост и редовно јавување во судот, поради што не постои основана околност за да му биде изречена најстрогата мерка притвор.

-На Димитар Димовски првен му е одземен пасошот во случајот Топлик, потоа му е дадена времена патна исправа во рок од 6 месеци, заради тоа што истиот ги почитувал мерките кои што му биле изречени, за да може да отиде за време на изборниот процес на претседателските избори во Дипломатско конзуларните претставништва, поточно во Лондон, да биде учесник од страна на изборната комисија во делот на спроведување на постапката на претседателските избори. Истиот добива времен пасош, поради административни причини не се упатува во Лондон, закаснато е со издавање на визата и наредниот ден откако го констатира фактот, го враќа пасошот во судот. Е сега имаме основани околности дека ова лице го почитува судот, ги почитува институциите, секогаш на време се јавува кога е потребно во рамки на судот, добил пасош, па го вратил, не отишол во Келн да гледа утакмица и да не се врати назад, туку Димитар Димовски го вратил пасошот во судот и притоа не постои ниту една околност реална по кој што обвинителството предложи, а судот изрече мерка притвор, кажа Тошковски.

Тошковски праша како може судот да ја изрече оваа мерка и да се плаши дека Димовски би се дал во бегство или би влијаел на сведоците кога ни тој како негов правен застапник не знае кои се сведоците, a и во самиот предлог не се наведени сведоци.

-Како Димитар Димовски ќе влијае на сведоци кога ниту јас како негов бранител, ниту тој не знае кои се сведоци во постапката. Уште позбунувачки е дека во рамки на предлогот каков таков не се ниту наведени сведоци, на кој сведоци ќе влијае Димитар Димовски, праша Тошковски.

Најнови вести

Коронавирус