четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 49
home Вести

Тошковски: Јовески не само што не го испочитува законот, туку постапуваше по писма што Јанева ги пишуваше од притвор

Тошковски: Јовески не само што не го испочитува законот, туку постапуваше по писма што Јанева ги пишуваше од притвор

Ве молам одговорете на прашањето зошто јавниот обвинител Јовески не ја суспендираше специјалната обвинителка Јанева во моментот кога влезе во притвор. Зошто не постапил според законот, праша адвокатот Панче Тошковски на дебатата на телевизија 24 на тема законот за јавно обвинителство на која учестуваше и Бојан Маричиќ од СДСМ.

-Во важечкиот закон за јавно обвинителство има член 60 според кој јавниот обвинител е должен да донесе решение со кое доколку еден обвинител е во притвор треба да го оддалечи од вршење на функција. Значи требало, и не само што требало, тој е должен да ја суспендира во случајов Катица Јанева од вршење функција во моментот кога влегла во притвор. И не само што јавниот обвинител не постапи според законот, туку и постапуваше по писма што таа ги пишуваше додека е во притвор, посочи Тошковски.

Тошковски истакна дека на дебатата за законот за јавно обвинителство експертите се изјснија, односно ги потврдија ставовите на ВМРО-ДПМНЕ.

-За законот за јавно обвинителство треба да ги слушаме експертите. И тоа оние кои не се ВМРО-ДПМНЕ, туку беа и дел од Шарената револуција. Нив треба да ги слушаме, ако не нив тогаш кого да слушаме неколку пати аболицираниот Заев, рече Тошковски.

Според него, судот е тој што треба да одлучува за предметите, а не политичари во закон.

-Да земат сите претставници од правна фела и следното да го кажат за предлог текстот на законот, неписменост во дел на пишување на законот, непознавање на правото, непознавање и неприменување на меѓународни стандради…. Ова е срамота да има вакви забелешки за закон, рече Тошковски.

Тошковски укажа дека за се да биде во ред и по процедура требало законот веднаш да се достави до Венецијанска комисија.

-Логично е надлежното министерство предводено од професорката Десковска да понуди решение согласно Устав и закон, и експертските решенија. И ве уверувам дека доколку имаме такво решение, доколку се прифатат 80 проценти од суштинските забелешки на експертите, ВМРО-ДПМНЕ ќе го прифати. Ние не можеме да дозволиме закон со кој ќе се блокира правдата, заклучи Тошковски.

Во однос на законот за Јавно обвинителство, Тошковски образложи дека на јавната расправа на која се разговараше за законот за Јавно обвинителство, професорите од Правниот факултет кои присуствувале и дебатирале на темата речиси потполно се согласиле со барањата, односно забелешките на ВМРО-ДПМНЕ во однос на законот.

-Од вкупно шест професори, меѓу кои и Рената Дескоска, пет биле потполно согласни со забелешките на ВМРО-ДПМНЕ, вели Тошкоски.

“ВМРО-ДПМНЕ нема ништо против носењето на овој закон, но само со прифатени забелешки. Ние не бараме ништо посебно, го бараме она што и професорите од Правниот факултет го напоменаа на јавната расправа. Не смее политичарите во државата за сите криминале и сега и во минатото да не одговараат, тогаш ние не би биле сериозна држава ниту сега ниту во иднина. СДСМ треба да ги прифати забелешките на законот кои ги предложивме како партија и да се потрудиме во државата да обезбедиме услови за вистинско здраво судство”, вели Тошковски.

Коронавирус