четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 67
home Вести

Тортура на странките во предметот „Титаник“ од страна на судот

Тортура на странките во предметот „Титаник“ од страна на судот

Здружението за истражување, анализи и развој „Зелена Лупа Скопје“ преку статус на Фејсбук пишува дека се врши тортура на странките во предметот „Титаник“ од страна на судот.

Целиот статус интегрално ви го пренесуваме во целост:

-Од мониторингот на Зелена Лупа
Случај “Титаник”
25.11.2020/10 часот

ТОРТУРА НА СТРАНКИТЕ ВО ПРЕДМЕТОТ “ТИТАНИК” ОД СТРАНА НА СУДОТ

Денешното рочиште за предметот “Титаник” кој го води Судијата Осман Шабани а застапник на обвинението е јавниот обвинител Лиле Стефанова кое требаше да започне во 10 часот на крајно нелегитимен и нечовечен пристап кон сите странки во постапката усно им беше соопштено ПО ИЗМИНАТИ 5 ЧАСА чекање пред судница број 1 во новата зграда на Кривичниот Суд Скопје дека судењето ќе биде одложено.

Имено во истата судница со почеток од 9:45 часот беше закажано судењето за предметот “Траекторија” кое по добиено Решение за изолација на обвинетиот Миле Јанакиески и наредба од СУДОТ за извршување на брз тест врз обвинетиот кој се покажал НЕГАТИВЕН судењето продолжи во 12:12 часот.

Во текот на целото рочиште сите обвинети вклучувајќи ги и спроведените од куќен притвор како и од Затвор “Идризово”, нивните бранители како и повеќе сведоци на обвинителството НЕПРЕКИНАТО чекаа 5 часа пред судницата број 1 очекувајќи дека ќе добијат информација за нивното рочиште кое требаше да започне во 10 часот.

По завршувањето на случајот “Траекторија” во 14:45 на странките во предметот “Титаник” усно им беше соопштено од записничарката дека треба да дојдат утре (26.11.2020) во 12 часот.

По ваквото соопштение со оправдана реакција негодуваа сите странки бидејќи истото можеше да се соопшти и временски многу порано без калкулации кое рочиште колку би траело, бидејќи во фаза на испитување на сведоци никој не може да предвиди колку прашања ќе бидат поставени и какви ќе бидат одговорите кои во овој случај беа многу исцрпни.

Бранителите со прашање до записничарката дали денешното рочиште се одложува без записник таа даде одговор,

– Судијата само ми кажа да дојдам и да ви пренесам на сите дека треба утре да дојдете во 12 часот. Револтот оправдано беше присутен кај сите странки кои беа преку 30 лица, кои не го напуштија ходникот од судот цели 5 часа во крајно небезбедни услови во време на Ковид-19, па најмалку што можеше и требаше да се направи е Судијата Шабани да ги прими во судската сала и во нецели 10 минути да се констатираше на записник причината поради која после 5 часа чекање денешната главна расправа би се одложила за утре а воедно и да се образложи зошто странките беа оставени да чекаат 5 часа во судот кога според мерките и протоколот за работа во време на Пандемијата строго е забрането групирање на подолг временски период каде и нема доволно услови за одржување на соодветно растојание.

Од нашиот секојдневен мониторинг можеме да ја информираме јавноста дека во време на Ковид-19 ова е прва појава а се надеваме и последна од ваков вид каде пред се Е ЗАГРОЗЕНА БЕЗБЕДНОСТА на сите странки во постапката.

Следното рочиште е закажано за 26.11.2020 година во 12 часот.

ЗЕЛЕНА ЛУПА ИНФОРМИРА А ЈАВНОСТА НЕКА ЦЕНИ, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Коронавирус