среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 187
home Вести

Тортевски: Три текстилни работнички за 33 години ќе заработат 270.000 евра колку што чини проектот за фризерницата

Тортевски: Три текстилни работнички за 33 години ќе заработат 270.000 евра колку што чини проектот за фризерницата

Адвкатот Тортевски вечерва на Телевизија 24 со низа критики кон скандалозните грантови во илјадници евра кои излегоа во јавноста на Националната агенција кој ја води Лидија Димова, истакна дека три текстилни работници треба да работат по 33 години за да добијат 270 илајди евра колку што му е дадено на фризерскиот салон во проект за медиумска писменост.

-270 илјади евра за медиумска писменост на фирма која има само еден мал фризерски дуќан или берберница, тоа е адекватно на платата на една текстилна работничка за 100 години, значи три текстилни работнички толку ќе заработат за 33 години, критикуваше Тортевски.

Тој вели дека 83 илјади евра за проектот за „тренирање на хрватско магаре и коњ липицанец“, „липицанец“, а во проектот дури не знаат како се нарекува тој коњ, што зборува за една некреативност и не можноста да се смисли ниту еден наслов на проект што ќе личи на нешто за да добие финансиски средства.

-Каква потреба и каква нужност во кој образовен процес во Македонија имаме за магаре и коњ, праша Тортевски.

Адвокатот вели дека тука се гледа односот што го имаат јавните функционери кон парите, кога ќе дојдат во позиција да ги делат.

 

Коронавирус