вторник, 10. декември 2019. Вести денес: 161
home Вести

Тортевски: „Рекет“ брзо ќе заврши и ќе има сериозни казни

Тортевски: „Рекет“ брзо ќе заврши и ќе има сериозни казни

Случајот „Рекет“ ако се заврши брзо, на основа на докази и постапки, има надеж за судството, рече новинарот Александар Чомовски во вечерашното гостување во „КликПлус“ на 21ТВ.

-Јас во периодот додека сум бил во СЈО немало ништо од овој случај, реплицираше адвокатот Александар Тортевски.

Tој рече дека „Рекет“ брзо ќе биде процесиран и со сериозни казни за инволвираните.

-Сигурен сум дека ќе оди брзо. Обвинителството прави грешка со мегапредмети. Кога имате 70-80 обвинети и голем број докази тешко оди, рече Тортевски.