петок, 30. јули 2021. Вести денес: 144
home Вести

ТОПЛОТО ВРЕМЕ ПРОДОЛЖУВА И ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – УХМР особено објави што ќе се случува од понеделник

ТОПЛОТО ВРЕМЕ ПРОДОЛЖУВА И ЗА ВРЕМЕ НА ВИКЕНДОТ – УХМР особено објави што ќе се случува од понеделник

Утре ќе се задржи многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината, кои на места во југоисточниот дел од земјата ќе го надминат 40-тиот степен. И покрај топлото време во следните денови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Извесно опаѓање на температурата ќе има в недела и понеделник, најави Упрвата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Како што најави претходно УХМР, денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 41 степен. Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност и со слаб до умерен северозападен ветер, максималната темпеатура до 40 степени.

Максимални темпартури до сабота ќе бидат во интервал од 32 до 40 степени, а во недела и понеделник од 30 односно 31 до 38 степени. За во вторник и во среда се прогнозирани максимални температури до 39 степени.

Коронавирус