четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 109
home Вести

Топло време во наредните три дена, од недела посвежо

Топло време во наредните три дена, од недела посвежо

Топло време со повремено засилен северен ветер ќе се задржи во наредните три дена. Во сабота, во попладневните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од недела ќе биде малку посвежо.

Најтопло ќе биде во петок кога се очекуваат масимални 39 степени.

Денеска, пак, во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд проследен со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.

Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 38 степени.

Попладне и кон крајот на денот во Скопје ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.