петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 133
home Вести

Топлиот оброк за основците од Аеродром стигна до Антикорупциска

Топлиот оброк за основците од Аеродром стигна до Антикорупциска

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за обнова на Македонија денеска достави преставка до Антикорупциска комисија со цел да се испита постапката при изборот на добавувач на храна за сите основни училиштата во Општина Аеродром.

Во преставката се наведени низа неправилности при доделувањето на договор за јавна набавка на топол оброк за учениците. Самиот почеток и кратките рокови отвараат сомнеж дека постапката била законска, велат опозициските советници.

И покрај ова, во општината се јавиле два оператори. На целокупната постапка едниот од операторите доставил жалба која била уважена од страна на Државната комисија за жалби и поплаки на 23.01.2019 година.

Еден ден пред да биде поништена постапката, на 22.01.2019 година директорот на ОУ „Браќа Миладиновци“ доставил барање до Бирото за јавни набавки за спроведување на постапка без објавување на оглас, за два дена потоа на 24.01.2019 година поради итност, на основното училиште му било дозволено да може да спроведе постапка за преговарање, без притоа да објави јавен оглас.

Истиот ден договорот бил склучен.

Преставката до ДКСК поднесена од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Општина Аеродром

Дополнително, денеска советничката група од опозицијата поднесе и барање до Претседателот на советот на Општина Аеродром да се свика вонредна седница со едниствена точка на ред, обезбедување на топол оброк за децата во целодневна настава во сите основни училишта на територијата на општина Аеродром.

Се жалат дека не им било овозможено да членуваат во комисијата која го утврдува квалитетот на храната, а на минатата седница на советот побарале да им се достави и целосната документација од тендерот, но до денеска истата не им е предадена.

Сметаат дека нетраспарентната постапка, како и зголемувањето на месечниот надомест за храна кој родителите треба да го плаќаат само дополнително ќе рефлектира проблеми на релација основни училишта, одбори и родители.

Коронавирус