вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Топли зимски денови: Од утре сонце место снег

УХРМ информира дека најсончево ќе биде во сабота, а во недела ќе има умерена до значителна облачност.
Топли зимски денови: Од утре сонце место снег

Од утре во поголем дел од државата ќе биде стабилно и суво, а дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Дневните температури утре ќе достигнат максимум до 13-тиот степен.

УХРМ информира дека најсончево ќе биде во сабота, а во недела ќе има умерена до значителна облачност.

По котлините, вклучувајќи ја и скопската, ќе има магла и ниска облачност, особено во недела.

Дневната температура во овие места ќе остане пониска.

Коронавирус