недела, 31. мај 2020. Вести денес: 0
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ не е против набавка на механизација за која впрочем и ние сме ја предвиделе во нашиот годишен план

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ не е против набавка на механизација за која впрочем и ние сме ја предвиделе во нашиот годишен план

Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ на својот Фејсбук профил сподели статус во кој пишува дека ВМРО-ДПМНЕ не е против набавка на механизација за која впрочем и ние сме ја предвиделе во нашиот годишен план за набавки.

-Ние не сме против набавка на механизација за која впрочем и ние сме ја предвиделе во нашиот годишен план за набавки.
Ние јасно и децидно Ве прашуваме зошто набавката е со низа на прекршоци:
1. Краток временски период од 1 месец и тоа за време на новогодишни и Божиќни празници?
2. Зошто е предвидено селективно бодување?
3. Зошто не барате банкарска гаранција кога се работи за сериозен тендер од околу 19 000 000 € ?
4. Зошто има услов кој не е пропишан во законот за јавни набавки и неможе да ја утврдува професионалната и техничка способност на компаниите?
5. Зошто при измена во тендерска документација на неполни 7 денови пред истекот на истата не се пролонгира рокот за доставување понуди? – Иако по закон за јавни набавки сте должни да го направите тоа!
6. Зошто вакви сериозни набавки не се објавуваат од дирекција и истите ги спроведувате од Рек Битола или Рек Осломеј?,прашува Томовски преку својот Фејсбук профил.

Коронавирус