сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

Толку беше од „поддршката“ на „братска Русија“- порака од Москва да не се дозволи решение на спорот со МПЦ

Толку беше од „поддршката“ на „братска Русија“- порака од Москва да не се дозволи решение на спорот со МПЦ

Директорот на Рускиот институт за стратешки истражувања Леонид Петрович Решетников е човекот кој ги натерал бугарските владици членови на Синодот на БПЦ да не одат на 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија.

Решетников кој по воено звање е Генералполковник, чин добиен во руското разузнавање, имал средба со тројца влијателни владици во Софија на која ги уверил дека треба да прекинат со посредувањето за признавање на МПЦ- ОА.

Рускиот генерал го искористил одсуството на патријархот Неофит кој е во болница и на тројцата митрополити им пренел порака од Москва дека не смеат да дозволат решение на спорот со МПЦ, велат информациите од бугарски извори.

Според истите извори, Русија не сака признавање на МПЦ од страна на БПЦ затоа што и самата има сличен проблем со Украинската православна црква.

Инаку, Решетников лани доби највисок орден за заслуги од страна на СПЦ.

Коронавирус