недела, 11. април 2021. Вести денес: 108
home Вести

Тодоров се пофали со критики до ВМРО-ДПМНЕ, му “аплаудираа“ профили стари по две недели

Тодоров се пофали со критики до ВМРО-ДПМНЕ, му “аплаудираа“ профили стари по две недели

Никола Тодоров, екс-министер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, денес објави колумна во која го критикува раководството на истата партија.

Колумната си ја сподели на социјалните мрежи, а под неа доби голем број на коментари.

Дел од неговите Фејсбук “пријатели“ со пофални зборови ја коментираат колумната.

Најголем дел од нив се многу “тазе“ членови и фанови.

Како што можете да видите во продолжение, коментарите кои му “аплаудураат“ на Тодоров се од профили отворени пред две недели.

Луѓето кои се воодушевени од зборовите на критичарите на ВМРО-ДПМНЕ, изгледа имаат креирано наменски, нови профили, па повеќе од очигледно е дека нешто е сомнително.

Тие немаат ниту една објава на своите профили, а на најголем дел единствена активност на социјалната мрежа им се коментарите кај Тодоров.

 

 

 

Коронавирус