сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Тодор Петров очекува Иванов да го бојкотира договорот со Грција во ОН

Тодор Петров очекува Иванов да го бојкотира договорот со Грција во ОН

Светскиот македонски конгрес (СМК) предводен од Тодор Петров ќе го бојкотира референдумот, а ќе води и кампања: „Бојкотирам, значи не гласам“.

Петров вели дека легитимно право е тој граѓанин што е против референдумот и да не излезе на гласање, а ги охрабрува да не се плашат да го направат тоа. Петров вели дека пратениците ќе зеле по 2 милиона евра за да гласаат за промена на името. Но, тој тврди дека тоа нема да им успее, при што упати закана кон нив во име на македонскиот народ, пренесува Макфакс.

СМК поднел и приговор до ДИК за заштита на избирачкото право од корупција во јавната кампања по говорот на премиерот Зоран Заев дека фирмите ќе давале плата плус ако вработените излегле да гласаат на референдумот. Петров вели дека Заев вршел поткуп и заплашување на гласачите. Кривични пријави за несовесно работење заработиле и сите членови на ДИК.

-Очекуваме претседателот Иванов во ОН да им каже на сите преку своето обраќање дека спогодбата е ништовна и неважечка, а во ОН да бидеме исто како и досега. Поднесовме кривични пријави против премиерот и министерот за надворешни работи, 69 пратеници во Собранието на РМ, кои гласаа за договорот со Грција. До Уставниот суд поднесовме две иницијативи, односно поништување на референдумот и правнилникот за одржување на референдумот, вели Петров, кој тврди дека поднел и пријави до членовите на ДИК поради злоупотреба на службената должност, пренесува Макфакс.

 

Најнови вести

Коронавирус