петок, 3. декември 2021. Вести денес: 38
home Вести

Точни бројки или податоци со статистички грешки? – пописот завршува

Точни бројки или податоци со статистички грешки? – пописот завршува

Ќе добие ли Македонија вистинска слика за населението и по 19 години од последното попишување? Денеска истекува рокот во кој државна статистика треба да ја заокружи статистичката операција и да излезе со конечната бројка на попишани граѓани, но резултатите веќе се контрадикторни. Според некој статистички просек, околу 20 отсто од населението се малолетни лица или според бројката на ДИК и МВР за регистрирани гласачи, Македонија на овој попис би требало да има околу 2,2 милиони жители. Според последните информации, попишани се околу1,800,000 лица, што приближно се поклопува и со бројот на гласачи запишани во избирачкиот список. Ако се потврдат ваквите информации тоа ќе значи дека недостасуваат околу 300 илјади жители. Дополнително, целиот процес на попишување од старт беше пропратен со низа скандали, пролонгирања, кршење на законските рокови, но и период во кој системот беше хакиран. Сепак и по ваквите сериозни пропусти, министерот за правда Бојан Маричиќ во интервју вели дека очекувал успешен попис, но признава дека имало политички проблеми и хакерски напади.

А дали ќе има продолжување доколку не се обработат сите податоци засега е неизвесно. Премиерот Заев пак очекувал успешна операција, за него не било проблем што дел од граѓаните се уште не се попишани, податоци ќе се земеле од другите институции.

-Тоа што не може да се стигне, Државниот завод за статистика ќе каже како ќе го обезбеди, веројатно ќе имаме недостаток на одредени податоци за процент, за пола процент, за промили за луѓето кои како одговори ги добиваат на прашањата. Самата лична карта ги дава големите голем дел од податоците кои што пописот треба да го заокружи како успешен целата процедута и статистичка операција која што е спроведена, вели Заев.

А граѓаните на социјалните мрежи бурно реагираат дека попишувачите воопшто не дошле во нивните домови, но алармираат дека нема никаков механизам кој би правел контрола, оти еден човек давал податоци повеќе челнови на семејството без притоа да се побараат документи за идентификација. Невладините ораганизации веќе реагираа дека во голем број населби каде доминира ромското население, не биле дојдени попишувачи, а дел од нив, биле попишани како Албанци, Турци, Македонци. Во јавноста се погласни се ставовите на помалите етнички групи, кои се закануваат дека доколку не биде постигнат процентот во кои самите биле уверени најавуваат дека нема да го признаат пописот.

Коронавирус