сабота, 18. јануари 2020. Вести денес: 1
home Вести

Точи: Нема реформи, се изгуби премногу време во штитење на криминалот во самата Влада

Точи: Нема реформи, се изгуби премногу време во штитење на криминалот во самата Влада

Пратеничката Арта Точи која во времето кога Алијансата за Албанците беше дел од владината коалиција и ја вршеше функцијата заменик-министер за надворешни работи со жестоки критики за Зоран Заев, но и работата на власта во емисијата „Што не е јасно“.

Таа истакна дека драгоцено време беше загубена и клучни реформи не беа исполнети бидејќи Владата изгуби премногу време во штитење на криминалот во самата Влада.

-Видете јас сакам да верувам дека Владата ќе ја постигне целта и направила доволно. Но Владата изгуби премногу време штитејќи го криминалот во самата Влада. И голема енергија се трошеше во одбрана на криминалот во самата Влада. Ние знаеме дека 2016-та година беше година на избори и голем број на Албанци гласаа за СДСМ не поради големата љубов за СДСМ туку поради тоа што имаа една цел да падне „режимот“. Режимот за Албанците не беше ВМРО, режимот за Албанците беше ДУИ и со гласовите на Албанците за СДСМ тие помогнаа да падне ДУИ. Но волјата на албанскиот народ не се почитуваше, вели таа.