петок, 11. јуни 2021. Вести денес: 136
home Вести

„Тоа што цела влада се покрена да прави спектакл од пакет вакцини ја покажува мизеријата и неспособноста на Заев и владата“

„Тоа што цела влада се покрена да прави спектакл од пакет вакцини ја покажува мизеријата и неспособноста на Заев и владата“

Тоа што цела влада се покрена да прави маркетинг од пакет вакцини ја покажува мизеријата и неспособноста на Заев и владата, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Видовме сервилност и неспособност на владата и лоша порака која ја отсликува неспособноста на Заев да менаџира со државата. 4.680 вакцини колку што доби државава, се за 2.340 луѓе. Министерот Венко Филипче најави дека ќе се вакцинираат по 2.000 дневно, што значи вакцинирањето ќе заврши за еден ден и неколку часа. За вакцинирање кое ќе трае еден ден не се потребни спектакли туку работа да се најдат повеќе вакцини, велат од партијата.

Додаваат дека ВМРО-ДПМНЕ го поздравува чекорот што има држави кои помагаат, но воедно нема потреба за спектакли на домашната влада која не умее да се справи со здравствената криза. Со нивната неспособност убедливо земјава е најлоша во светот по бројот на починати и без воопшто започната вакцинација.

ЕУРО 2020

Македонија