петок, 4. декември 2020. Вести денес: 166
home Вести

“Тиранска” спроведена, следува “Албанска платформа”

“Тиранска” спроведена, следува “Албанска платформа”

Албанските политички партии се престројуваат кон нова сеалбанска стратегија која Бујар Османи ја нарекува “Албанска платформа” и која земјата може да ја турне кон нови поделби и конфликти на етничка основа.

Планот според засега кажаното е сите албански пратеници да бидат искористени во сите идни преговори за влада со цел да се максимизираат позициите само на Албанците на сметка на сите останати.

Откако во неколку наврати се пофалија дека Тиранската платформа е веќе спроведена сега лидерите на Албанците во Македонија навестуваат таканаречена “Албанска платформа” за која наверојатно веќе има некаков договор.

Новата позиција која треба да ја прифатат албанските партии според Османи е составена од пет точки и таа нема никакви цели кои се од интерес за Македонците, Турците, Ромите, Србите и другите задници туку исклучиво за албанските политики.

„Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика”, вели Османи во одговор на позициите на Алијанса за Албанците која предходно не исклучи дека ќе разговара и со ДУИ за составот на новата влада.

Според Османи овие се петте точки од новата” Албанска платформа”:

1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи.

2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини.

3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор.

4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006).

5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

Иако во предизборната кампања меѓу ДУИ и коалицијата АА-ААА имаш силни разлики и критики особено во однос на идејата за премиер Албанец тој анимозитет сега речиси го снема.

Веднаш по изборите Али Ахмети ги покани албанските партии на заедничка средба за да се координираат што по добивањето на 32 мандати од албанските политики партии.

По консултациите во јавноста денеска протекува предлогот на Албанска платформа која што е еден вид вовед во нови поделби меѓу граѓаните на етничка основа.

Ваков вид на хомогенизации и сојузи на етничка основа се карактеристични за земји пред, во или пост конфликт.

Коронавирус