среда, 23. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Тимоние: Претпазливо со начинот на кој ќе се донесе Законот за ЈО

Тимоние: Претпазливо со начинот на кој ќе се донесе Законот за ЈО

Посакуваме да се донесе Законот за јавно обвинителство и да биде квалитетен, но исто така сме мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува.

Ова во интервју за Телма го изјави амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, кој притоа вели дека тој процес овозможува да се одговори на некои прашања кои предизвикувале загриженост во Франција.

„Новата одлука за старт на преговори Европскиот совет ќе ја носи во март, во период на изборна кампања во земјава. Може ли таа одлука да влијае врз изборите“?-праша новинарката.

-Прво, не е сигурно дека Европскиот совет ќе донесе одлука во март, затоа што сè уште се водат преговори. Најважно е да се усвои новата методологија, а ние како хоризонт си го зацртавме загрепскиот самит во месец мај. Сега се наоѓаме во период кога треба да се донесат одлуки каде ние од една страна треба да си ја завршиме својата работа, но и Македонија и Албанија треба да си ја завршат својата работа и да се донесат одредени одлуки коишто ќе помогнат, најверојатно, да се забрзаат роковите. Ќе го споменам Законот за Јавното обвинителство и навистина посакуваме да се донесе тој закон и да биде квалитетен, но исто така сме мошне претпазливи во врска со начинот на којшто истиот ќе се усвојува. Ќе биде потребно преодната Влада коректно да функционира, без поголеми тензии, почитувајќи ги правилата на играта коишто беа прифатени од политичките партии. Затоа, ги повикувам големите политички партии да го имаат предвид државниот интерес, а не да влегуваат во меѓусебни расправии. Ги повикувам да донесат Законот за Јавното обвинителство, кој ќе биде добар и ќе задоволува одредени критериуми и тоа да го направат без предрасуди за партијата или поради лични интереси. Сметам дека тоа ќе биде соодветно вреднувано од најголем број земји-членки на Унијата.

Коронавирус