четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Тимоние и ОБСЕ/ОДИХР: Ниската излезност ги компромитира изборите

Тимоние и ОБСЕ/ОДИХР: Ниската излезност ги компромитира изборите

Македонската влада форсира избори брзи, додека Франција една од земјите лидери во ЕУ сериозно размислуваат за одложување на вториот круг на локалните избори кој треба да се одржи на 21 јуни.

Францускиот амбасадор во Македонија, Тимоние за Алфа вели дека ниската излезност во првиот круг на изборите кој се одржа на почетокот на пандемијата со Ковид 19 е причината зошто Франција би можела да го одложи вториот круг. Сепак според амбасадорот конечната одлука за одржување на изборите зависи од политичкиот договор меѓу партиите.

Франција го одржа првиот круг од своите локални избори на почетокот на пандемијата, на 15 март во соодветни услови, со најразлични мерки на претпазливост, но на крај констатиравме помала излезност. Во контекст на постепеното олабавување на мерките, во ситуација кога бележиме пад на ширењето на вирусот и намалување на притисокот врз здравствениот систем, се водат дискусии околу датумот за вториот круг кој првично беше одреден за 21 јуни, но сериозно се размислува за негово одложување за наесен во сите 5.000 општини каде што се одржуваат локални избори, вели Кристиан Тимоние – француски амбасадор во Македонија.

Евентуалната ниска излезност на изборите во Македонија, доколку се одржат летово, според упатените највеќе им одговара на СДСМ, но сепак учеството на граѓаните на изборите ќе биде оценувано од набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР. Од меѓународната набљудувачка мисија за Алфа велат дека од исклучителна важност во нивниот мониторинг е излезноста на граѓаните. Според СДСМ брзи корона избори се целта, под маски и растојание. Нејасно е како ќе се одвива гласањето кога илјадници македонски државјани се заглавени низ светот заради корона вирусот, но и стравот на луѓето во време на паднемија да гласаат во затворени простори каде би циркулирале огромен број на граѓани.

Оценувањето на условите за сите граѓани да учествуваат на изборите ќе биде важен елемент на набудувањето на ОДИХР, кое ќе го оцени спроведувањето на изборите според меѓународните стандарди, истакнаа од ОБСЕ/ОДИХР.

Можната ниска излесност, но и заштитата на здравјето на граѓаните беа причина и полските власти да ги одложат нивните избори. Новиот датум за одржување на претседателски избори во Полска се уште не се знае.

Инаку според Венецијанската комисија по примерот на Турција и Грузија, велат дека „избори треба да се организираат дури по истекот на 60 дена од денот кога престанала вонредната состојба затоа што изборите бараат мирна политичка атмосфера и целосно почитување на сите слободи и човекови права“.

Извор: Алфа

Коронавирус