недела, 13. октомври 2019. Вести денес: 105
home Вести

Тиквешките лозари на предупредувачки протест: Доколку власта не ги исполни нашите барања ќе го блокираме целиот регион!

Тиквешките лозари на предупредувачки протест: Доколку власта не ги исполни нашите барања ќе го блокираме целиот регион!

Ние како земјоделци сме робови во сопствената држава, нашиот труд и мака никој не го цени, а уште помалку соодветно да ги вреднува, затоа младите ни бегаат и затоа производството се повеќе ни се намалува, со вакви откупни цени на праските, кајсиите, а сега и на грозјето тоа е еднакво на катастрофа, се пожалија вчера тиквешките лозари и овоштари кои во екот на бербата на грозјето немајќи друг избор излегоа на предупредувачки протест блокирајќи го еден час патниот правец Кавадарци- Скопје.

-Сега никој нам не не прашува колку пари е грозјето, тие ни кажуваат некои смешни цени кои се под достоинството и затоа ние бараме од државата да ни го цени трудот бидејќи вака не се живее и сме на работ на егзистенција, рамно на еден роб, велат дел од лозарите.

Тиквешките лозари на овие проблеми укажаа уште пред еден месец барајќи помош од државата при утврдувањето на годинашните откупни цени за кои како што велат самите биле навредливо, па дури и понижувачко ниски.

Тие досегашните преговори ги оценуваат како неуспешни бидејќи освен бледи ветувања не добиле ништо.

Тие се заканија доколку не биде решен овој нивни проблем, овој предупредувачки протест ќе прерасне со блокади на сите патишта во тиквешкиот регион.