среда, 8. декември 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Тие сакаат да наведнете глава, ние велиме – гордо напред и главата горе, ништо не е невозможно, победата е на дофат, излезноста е клучот“

„Тие сакаат да наведнете глава, ние велиме – гордо напред и главата горе, ништо не е невозможно, победата е на дофат, излезноста е клучот“

Ајде сите заедно да направиме големи работи, големи чекори напред, да ја создадеме иднината сега, таа нова иднина која сите ја посакуваме, повика Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во општина Центар.

Мицкоски вели дека ништо не е невозможно, победат е на дофат, повикувајќи ги граѓаните да покажат дека промените се можни, а клучот е во излезноста.

-Уште само еден чекор не дели од она за кое сите заедно сонуваме. Ништо не е невозможно. Победата е на дофат. Излезноста е клучот. Тие сакаат да наведнете глава, ние велиме – Гордо напред и Главата горе! Да покажеме дека промените се можни и дека тие не се ништо друго освен вашата сила и неумолива желба, надеж и стремеж за подобра, нова иднина. Затоа што вие и само вие сте силата на Македонија !Уште само еден чекор до новата заедничка иднина, истакна Мицкоски.

Најнови вести

Коронавирус