петок, 25. септември 2020. Вести денес: 130
home Вести

Тевдовски стана „пишман аџија“- пред изборите ветуваше дека Македонија нема да се задолжува сега тврди дека мора да се задолжува

Тевдовски стана „пишман аџија“- пред изборите ветуваше дека Македонија нема да се задолжува сега тврди дека мора да се задолжува

Револтирани граѓани на социјалните мрежи реагираат на неодамнешната изјава на министерот за финансии Драган Тевдовски каде тој вели дека нашата држава морала да се задолжува за да се градат болници, патишта и училишта, а пред изборите тој велеше дека ако Македонија се задолжува ќе банкротира.

Тевдовски во изјава за Алфа вели дека владата не се откажува од воведувањето на прогресивен данок, но и дека не се откажуваат од задолжувањата за кои тој самиот збореше дека доколку продолжат нашата држава ќе банкротира.

-Ако ние сакаме нешто сериозно да вложуваме, ние мора да се задолжуваме, од една страна барањето од сите е да имаме најниски можни даноци, а од друга страна дајте да градиме образование, здравство и патишта и да не се задолжуваме, вели Тевдовски.

Оваа негова изјава предизвика револт кај граѓаните на социјалните мрежи по што тие го нападнаа Тевдовски.

-Еве уште еден пишман аџија од Данска
Пред избори дечково од Данска ни кажуваше дека ако државата се задолжувала ќе банкротирала, а сега пена му фате устана да не убеди дека задолжување морало да има?!?, ова се само дел од коментарите на социјалните мрежи.

Инаку Тевдовски пред две години во мај за време на „Шарената револуција“ изјавуваше како поранешната влада масовно се задолжувала и тие пари треба да ги враќаат идните генерации.

-Владата на ВМРО-ДПМНЕ масовно се задолжува, а тие пари треба да ги враќаат идните генерации, децата и младите. Јавниот долг на земјава од 2008 година на земјава до денес многу силно расте и секој македонски граѓанин е задолжен за 1300 евра повеќе од 2008 во споредба со денес. А зошто? За една група на луѓе на власт да ги полни своите џебови, затоа беше аболицијата за луѓето на власт, а не за човек кој продаваше коприви, затоа беше аболицијата, а не за човек кој украде ќебапчиња, затоа нема правда нема мир, потенцираше Тевдовски во мај 2016 година.

Коронавирус