среда, 21. август 2019. Вести денес: 86
home Вести

Тевдовски на Конференцијата „Оданочување, праведност и економски развој“ организирана од ФЕС во Eреван

Тевдовски на Конференцијата „Оданочување, праведност и економски развој“ организирана од ФЕС во Eреван

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, ќе учествува на конференција на тема „Оданочување, праведност и економски развој“ организирана од германската фондација „Фридрих Еберт Штифунг“, во Ереван, Ерменија.

Министерот Тевдовски ќе ги презентира македонските искуства во областа на даночната политика.

Тој исто така ќе учествува и на министерскиот панел, на кој ќе се дискутира за можностите за подобрување на даночниот систем на Ерменија. Тевдовски е дел од конференцијата поради визијата за поправедно општество и кредибилното водење на јавните финансии.

Министерот во текот на посетата ќе се сретне со вицепремиерот Мер Григорјан.