вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 151
home Вести

Тетовските комуналци шест месеци без здравствено и пензиско осигурување

Тетовските комуналци шест месеци без здравствено и пензиско осигурување

Околу 60-тина работници на работната единица „Комунална хигиена“ при Јавното комунално претријатие „Тетово“ (ЈКП) се собраа на јавен протест изразувајќи незадоволство што веќе шест месеци не им се платени придонесите за здравствено и пензиско осигурување. Бараат интервенција на државните институции.

-Немаме шест месеци осигурување и бараме да ни се дадат платите на време. Платите ни доцнат еден месец, но најмногу ни е проблем што немаме осигурување. Еве јас имам проблем со срцето, морам да пијам лекови, морам да ги земам, наместо да платам 200 денари сум платил 2500 денари затоа што немам осигурување, вели работник од скопско Копанце.

-Вчера сум платил таблети за дијабетис, морам таква е болеста, а немам осигурување. Шест години со договор работам, немам никакво осигурување. Тука се пред се луѓе без образование, не манипулираат, се пожалија работниците.

Според раководството на ЈКП Тетово „Комунална хигиена“ незадоволството изразиле само дел од работниците за кое сметаат дека не е оправдано со оглед дека здравствено и пензиско осигурување нема за ниту еден работник од околу 300 вработени во јавното претријатие.

-Претпријатието работи со загуби поради пандемијата овие шест месеци. ЈКП се соочува со загуба од 26 милиони денари, а причината се неплатени сметки од страна на граѓаните. Сега ова треба да се корегира со ребаланс на буџетот на општинскиот совет за итно решавање. За придонеси месечно се потребни 8 милиони денари. Работиме на тоа со Фондот за здравство да се земат лекови и да се користат услуги во јавното здравство, но треба да се почека да се именува нов директор. Работниците ми рекоа дека бараат од државата да помогне, изјави Џелал Цека.

Работниците се пожалија дека како јавни претријатија и вработени со ниски примања не добиле никаква помош од државата како што се ваучери и други поволности.

Најнови вести

Коронавирус