среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Тетово прв во светот според индекс на загаденост за средината на 2020 година

Тетово прв во светот според индекс на загаденост за средината на 2020 година

Тетово се најде на првото место на светска листа на загадени градови која е објавена на Нумбео онлајн база на податоци со информации за загаденоста, трошоците за живот во земјите и градовите, здравствената заштита, криминалот и сообраќајот. Листата е составена според индекс на загаденост за средината на годината.

– Тие индикации се историски и се објавуваат периодично, појаснуваат на веб страницата.

Индексот на загадување во Тетово изнесува 97.44, а по Тетово на второто и трето место се градови како Кабул во Авганистан и Катманду во Непал.

Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Тетово на Министерството за животна средина покажува дека само два од 24 денови во ноември биле со чист воздух, односно со помалку од 50 микрограми на кубен метар на отровните ПМ-10 честички. Во текот на 2020 има 105 денови во кои е надмината граничната вредност на концентрација на ПМ10 честички.

Најнови вести

Коронавирус