четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 133
home Вести

Тетовчани се поделени. Дел се плашат од повратниците од боиштата во Сирија

Тетовчани се поделени. Дел се плашат од повратниците од боиштата во Сирија

Децата не се по своја вина во оваа состојба и државата треба да најде начин како тие да се вратат и интегрираат во општеството-сметаат во невладината “Democracy lab”,во врска со случајот со македонската џихадиска од Гостивар,која преку медиумите бараше помош да се врати дома заедно со нејзините четири деца.

Таа е само една од илјадниците жени и деца сместени по камповите во Сирија и Ирак.Многумина,поради лошите услови за живот,очајно бараат да бидат вратени во матичните земји.

Граѓаните се со поделени мислења.Некои сметаат дека џихадистите повратници се опасни за државата.

Според некои пак,не треба на сите да им се суди,особено на оние кои отишле против своја волја.

Бројот на македонски државјани кои се дел од терористички групи се движи некаде околу 150, но колку има жени и деца по бегалските кампови нема точни бројки.Македонија пак, заедно со Косово, се земјите со најголем број џихадисти-повратници во регионов.

ИЗВОР: АЛФА

Коронавирус