понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 142
home Вести

Тетовчани револтирани, извикуваа Доле Заев и бараа оставки (ВИДЕО)

Тетовчани револтирани, извикуваа Доле Заев и бараа оставки (ВИДЕО)

Доле Заев, барање за оставка на владата, пцости за функционери на ДУИ, се само дел од пораките кои денес беа упатени на протестот во Тетово.

Протестот почна од центарот на Тетово по што демонстратите се упатија кон општинската зграда кон која фрлаа јајца.

По општинската зграда демонстрантите се упатија кон седиштето на ДУИ, каде се судрија со полицијата. Полициски кордони распоредени низ улиците во Мала Речица не дозволија протестот да заврши пред Демократската унија за интеграција, па на моменти атмосферата стануваше тензична.

Ваква ескалација на ситуацијата доведе откако на 8-ми септември изгоре модуларната болница во Тетово, а во пожарот изгореа 14 лица. „Капка која ја прели чашата“ беше неприфатената оставка на Венко Филипче од страна на Зоран Заев, која наликуваше на оркестрирана ситуација.

Од видеата кои кружат по социјалните мрежи може да се забележат револтирани граѓани кои бараат одговорност од Заев, Филипче и раководството на ДУИ.

Револтот, граѓаните на Тетово го покажаа уште вечерта на 8-ми септември кога Заев, Филипче и функционери на ДУИ се појавија на местото на немилиот настан.

Во Тетово, Зоран Заев вечерта кога изгре модуларната болница во Тетово се појави со значително поголем број на обезбедување, а на неговото лице можеше да се забележи и страв.

Министерот Венко Филипче по силни критики на јавноста, неколку дена потоа поднесе оставка од морални причини, а истата Зоран Заев „ја стави во фиока“.

Локални избори 2021