среда, 4. август 2021. Вести денес: 162
Вонредна вест

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

home Вести

Тест за корона само со државите кои бараат и од македонските граѓани, за аеродромите ниту збор

Тест за корона само со државите кои бараат и од македонските граѓани, за аеродромите ниту збор

На денешниот состанок на Комисијата за заразни болести се разговарало за процесот на отворање на границите, односно за тоа каков предлог да дадат до Владата, бидејќи ова е една од последните рестриктивни мерки за која се очекува наскоро и да се укине.

Од Комисијата за заразни болести велат дека ќе важат реципроцитетни мерки со државите а тоа ќе значи:

– За влез од Србија во нашава земја нема да се бара тест за корона вирусот, бидејќи и Србија не бара од нашите граѓани, истото ќе биде и со Албанија. Што се донесува до останатите соседни држави Грција најави отворање на границите на 1.јули, но се уште нема конкретни информации како ќе се одвива протокот на патници помеѓу нашата земја и Грција. Истовремено, остануваат затворени и границите со Бугарија, велат од Комисијата за заразни болести за Фактор.

Што се донесува, пак до отворањето на двата аеродроми во нашава земја, односно во Скопје и во Охрид, од Комисијата за заразни болести потврдуваат дека за ова воопшто не станало збор.

-Се уште е рано, велат, и додаваат дека на некој од наредните состаноци ќе го отвориме и ова прашање.

Коронавирус