вторник, 28. септември 2021. Вести денес: 174
home Вести

Тешко повреден возач на мопед, 7 лица со лесни повреди- 11 сообраќајки вчера во Скопје

Тешко повреден возач на мопед, 7 лица со лесни повреди- 11 сообраќајки вчера во Скопје

Возач на мопед е тешко повреден, а седум лица се здобиле со лесни повреди во седум од 11 сообраќајки регистрирани во изминатото деноноќие на подрачјето на СВР Скопје.

Од полицијата информираат дека се санкционирани 65 возачи за брзо возење, а исклучени се од сообраќај 19, пред да се стекнат со такво право на возење и возачи почетници. Од сообраќај се исклучени и 20 нерегистрирани и 10 технички неисправни автомобили.

Издадени се 87 мерки за непрописно паркирање, а „пајакот“ подигнал 66 возила.

За некористење заштитен шлем се казнети петмина возачи со мотор, мопед и мотоцикл.

Преземени се мерки кон пешаци и возачи за поминување коловоз надвор од пешачки премин и на црвено светло, односно за движење на крстосница на црвено светло, недавање првенство на минување, неправилно престројување и пристигнување.

Коронавирус