четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Вести

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Автомобили се забија во цистерна на патот Куманово-Крива Паланка

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Автомобили се забија во цистерна на патот Куманово-Крива Паланка

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево околу 14:15 часот на патот Куманово-Крива Паланка, кај село Облавце, помеѓу неколку возила и цистерна.

Според првични информации од очевидци, во сообраќајната несреќа најверојатно има жртви и повредени.

На лице место се упатиле повеќе амбулатни возила, противпожарно возило и возила на шлеп служба.

Во моментот сообраќајот на овој патен правец е затворен и има километарска колона автомобили. Дел од возачите се упатуваат по локалните патишта.