понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 17
home Вести

Тaсевски: Нешто за рушење денес? Можете прво стадионот, некогашниот ГРАДСКИ…

Тaсевски: Нешто за рушење денес? Можете прво стадионот, некогашниот ГРАДСКИ…

Нешто за рушење денес? Можете прво стадионот, некогашниот ГРАДСКИ, пишува на Фејсбук Сашо Тасевски.

-Нормално откако прво ќе отворите јавна дебата зошто мора да се сруши, ама секако е убаво да се сруши ако таму некои градски архитекти го побарале тоа. Многу либерално. Геј френдли. Нормално може да изградите нов стадион, на друга локација. Во Булачани, да кажеме. Или покрај Лепенец. После Домот на Арм срушете го, ич да не го штедите. На негово место една спомен шума. Борова. Па удрете по МКЦ, срушете го и на негово место еден аква парк направете со водопад. Од Вардар имате вода и гомна колку ви душа сака.
Или МКЦ нема да го чепкате, пошто директорот е ваш, либерален ем авангарден, го слуша Мерлин. Искрено се восхитувам на вашата еко свест. Да се рушат маркантни објекти, кои се печат на овој град, за на нивно место да правите паркчиња, за навечер да има каде да мочаат кучињата и луѓето, пишува Тасевски.

Коронавирус