петок, 20. септември 2019. Вести денес: 118
home Вести

Tеренските посети на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат- Неопходна е промена на оваа криминална власт предводена од Зоран Заев

Tеренските посети на ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат- Неопходна е промена на оваа криминална власт предводена од Зоран Заев

Тим предводен од членот на Извршниот Комитет, Трајко Славевски беше во посета на населенети места Петровец, Р`жаничано и Огњанци. Граѓаните од овие населени места  потенцираа дека  власта предводена од СДСМ не прави ништо за доброто на граѓаните, туку само допринесуват за влошување на ситуацијата во државата.

Посетени беа и населените места во Делчево и Битола. Жителите од овие населени места  истакнаа дека власта нема никаква стратегија за подобар живот и поради тоа доаѓа до масовно иселување на граѓаните и заминување од Република Македонија.

Во населените места Радожда, Мислешово, Враништа во струшко жителите  посочија дека како и во останантите граѓани се сведоци на неисполнетите предизборни ветувања на власта, пришто рекоа дека е неопходна промена на оваа криминална власт предводена од  СДСм на чело со Зоран Заев.