сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 80
home Вести

Теренска посета на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Зрновци

Теренска посета на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Зрновци

Во текот на денешниот ден членови  на ИК на  ВМРО-ДПМНЕ ја посетија Општина Зрновци каде покрај истоименото населено место, Зрновци ги посетија и Видовиште и Мородвис.

Жителите на овие средби истакнаа дека  секој ден се повеќе млади се иселуваат од овие населени места, а они граѓани кои останале се разочарани од  владата на СДСМ и Зоран Заев и размислуваат и тие да си заминат поради тоа што ништо не направиле а веќе се на половина од нивниот мандат.

Тие велат дека власта го погазува трудот на земјоделците, и го опустоши  земјоделието,  откупните цени ниски, а  недостасува и пласман за земјоделските продукти.

Живееме во сиромаштија, ни ветуваа живот а ни донесоа беда, нашите села се повеќе се  поиспустени, немаме пари за најосновните работи а не пак за нешто повеќе, додека ние живееме лошо тие се богатат од криминалните тендери што ги земаат, велат граѓаните.

Членовите на ИК на ВМРО-ДПМНЕ порачаа дека оваа лоша економска ситуација и егзодус  ќе запре заминувањето на СДСМ од власт и дека тогаш конечно ќе се врати животот и правдината во нивните места но и во Македонија.

Коронавирус