недела, 16. мај 2021. Вести денес: 9
home Вести

Тепачка за скопска апелација: Критериум за прв човек е да се вежба строгост во политичките процеси против ВМРО-ДПМНЕ

Тепачка за скопска апелација: Критериум за прв човек е да се вежба строгост во политичките процеси против ВМРО-ДПМНЕ

Десет часа траеше судското рочиште во случајот „Тенк“. Вчудоневидување во судницата и судските служби од долгото траење на рочиштето. Службите велат ова се нема случено во судот досега.

Причините може да се најдат во битката за прв човек за скопска апелација.

Велат кандидат за таа позиција е токму судијката која го води денешниот случај на СЈО, „Тенк“, Добрила Кацарска.

Втор таков кандидат е судијата Огнен Ставрев кој е задолжен за случајот од СЈО „Титаник 2“.

А трет кандидат е судијата чие име се уште не е познато и тој е задолжен за еден од случаите на СЈО.

Сите барања на одбраната беа одбиени, а веќе утре има продолжение на истото рочиште и тоа во денот кога се гласа недоверба на Владата на кое нема да може да присуствува Груевски како актуелен пратеник во Собранието.

Очигледно Добрила Кацарска како мегдан за докажување го има случајот каде се суди на функционери на ВМРО-ДПМНЕ и Груевски.

Наместо со квалитет напредувањето во судството е по критериум на кој повеќе ќе се изживува во процесите против функционерите на ВМРО.

Вакви досегашни рочишта не се бележат дури против најголемите злосторници како убиствата во Диво Насеље, други ладнокрвни убиства и тешки дела.

Коронавирус