петок, 23. октомври 2020. Вести денес: 124
home Вести

Тепачка во скопски ноќен бар: Две лица повредени

Тепачка во скопски ноќен бар: Две лица повредени
фото-илустрација

Две лица на возраст од 33 години рано изутрината во Полициската станица Центар пријавиле дека во 3 часот биле физички нападнати од страна на четири непознати лица пред ноќен бар на ул. „50-та Дивизија“.

МВР информира дека напаѓачите ги удирале лицата Е.Д. и В.К. со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Коронавирус