среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 41
home Вести

Тепачка помеѓу двајца скопјани во Охрид

Тепачка помеѓу двајца скопјани во Охрид

Се степале двајца скопјани во стариот дел на Охрид, објави локалниот портал Охриднет.

Физичка пресметка меѓу две лица од Скопје е случена околу 17.30 во куќа на улицата Кузман Капидан во Охрид.

Напаѓачот, кој употребил остар предмет е приведен, а повредениот со сериозни повреди е пренесен во Општа болница во Охрид.

-Се преземаат мерки за расветлување на настанот, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Коронавирус