петок, 18. септември 2020. Вести денес: 75
home Вести

Теодоракис: Уставите лесно се менуваат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО

Теодоракис: Уставите лесно се менуваат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО

Некои устави можат лесно одново да се сменат, но не и Меѓународните договори со ЕУ и НАТО, вели лидерот на партијата Река, Ставрос Теодоракис и додава дека Движењето за промена, во чија коалиција е и неговата партија, бара решение со сложено име за севкупна употреба со конкретни гаранции врз основа на Меѓународен договор дека запира иредентистичката политика.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, Теодоракис во интервју за грчкото радио 247, објасни зошто акцентот не го става на уставната ревизија, туку на еден договор со ЕУ и НАТО.

– Некои устави може лесно да се сменат, посебно во Скопје, ги нема нашите одредби. Со едно мнозинство, утре, една „лоша влада“ може одново да го смени Уставот и повторно да има иреденистички глупости. Што не може да се промени? Не може да се промени Меѓународен договор на земјата со Европската унија и НАТО. Затоа ние бараме и мислиме дека е во интерес на Грците, нашите соседи, да се обврзат меѓу себе, туку да се обврзат со Европската Унија и НАТО, вели Теодоракис и објаснува дека со еден ваков договор, ако некој во иднина сака да смени нешто и да не ги задржи обврските, тогаш ја доведува во опасност позицијата во ЕУ и НАТО.

Лидерот на Река, вели дека треба да се реши проблемот со името и изрази надеж дека доколку решението е патриотско и во рамките на позициите на партијата, тогаш може да добие поддршка од грчкиот парламент.

– Ако решението е она што го побара Река, а да бидеме искрени тоа е и решение што го бара мнозинството од политичкиот систем, затоа што нашето решение е решението што го има кажано и Бакојани и СИРЗА, тоа е решение, да речеме патриотско. Ако дојде ова патриотско решение мислам дека ќе добие големо мнозинство во парламентот, вели Теодоракис за грчкото радио, пренесе МИА.

МИА

Коронавирус