среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 29
home Вести

Тензии во амбуланта во Бутел – донесено починато лице, лекарите со часови чекале тестирање за Ковид-19 (ВИДЕО)

Тензии во амбуланта во Бутел – донесено починато лице, лекарите со часови чекале тестирање за Ковид-19 (ВИДЕО)

Со часови вработените во приватната амбуланта Викторија во општина Бутел чекаа да бидат испратени екипи од Институтот за јавно здравје за да земат брисеви откако во оваа здраствена установа било донесено лице кое веќе било починато.

ТВ21 го запраша сопственикот на амбулантата што точно се случило, но тој не сакаше да даде изјава во камера. Сепак, ни објасни дека веднаш побарал да дојдат екипи за да се направи контрола дали починатиот имал корона, но оттаму му рекле дека лицето бидејќи е починато нема потреба да доаѓаат. Министерот за здравство Венко Филипче вели дека истите правила важат и за починати лица и дека и тие треба да бидат тестирани.

„Апсолутно не се прави индикација за тестирање само врз основа на анамнеза, еве може и од членови на семејството, ако станува збор за конкретниот случај и врз основа на таа епидемиолошка анкета, за која што податок може да дадат и членови на семејството. Во смисла на индикација за тестирање на починати лица важи постмортем, важат истите правила“, истакна Венко Филипче.

Безживотното тело во амбулантата било донесено во 12 часот и 30 минути запишале докторите и сестрите кои веднаш интервенирале и се обиделе да помогнат, но веќе било доцна. Пациентот бил на околу 65-годишна возраст и не давал знаци на живот, стои во изјавата. Починатиот бил донесен од соседите, бидејќи како што ни изјавија, неговиот син бил во Битола, а другите роднини во странство. Кога екипата на Тв21 пристигна таму, сопственикот на амбулантата беше загрижен и инсистираше да се тестира починатиот со оглед на вонредната состојба со корона вирусот, а особено поради тоа што и целиот медицински персонал, но и соседите на починатиот биле во директен контакт со него. Освен полицијата и дел од лекарите внатре не се пушташе никој, амбулантата беше затворена, а сопственикот рече дека нема да се примаат други пациенти се додека не се утврди дали починатиот имал корона.

Рече дека доколку Институтот за јавно здравје не прифати да го тестира починатото лице, ќе бара приватно да се направи. Инаку според кажувањата на соседите починатиот имал хронична астма, а во последно време и многу кашлал.

Последните информации велат дека телото е земено на обдукција да се утврдат причините за смртта.

ИЗВОР: ТВ21

Коронавирус